Пол-позиција број 88 за Хамилтон, прва по ГП на Германија

По пауза од четири месеци на последната трка од сезоната, Луис Хамилтон триумфираше во квалификациите во Формула 1.

Денеска тој беше најбрз пред трката за Големата награда на Абу Даби за негова 89. пол-позиција во кариерата, прва по Хокенхајм. Зад него заврши тимскиотколега Валтери Ботас, а третото место го освои Макс Ферстапен. Возачите на Ферари ги освоија четвртото и петтото место.

Трката за Големата награда на Абу Даби нема резултатско значење бидејќи Хамилтон одамна ја освои својата шеста шампионска титула во Формула 1.