Пол Погба не можеше да биде поискрен по поразот од Лестер

Францускиот играч за врска Пол Погба е фрустриран по новиот пораз на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед донесе големо засилување како Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо ова лето, но резултатите не се на ниво и тоа е веќе јасно, а Погба беше сосема искрен во изјавата по поразот од Лестер на Кинг Пауер.

“Заслуживме да загубиме. Да бидам искрен, игравме вака долго време. Не најдовме каде е проблемот. Примивме лесни, глупави голови. Треба да бидеме позрели, да играме со повеќе искуство и ароганција, на добар начин. Треба да ја смениме тактиката и да се држиме до неа “, искрен е Французинот.

„Црвените ѓаволи“ ги очекува пеколен распоред во наредниот период, ќе имаат тешки предизвици и во Лигата на шампионите, а прашање е дали Оле Гуна Солскјер ќе го „преживее“ сето тоа.

Јунајтед е петти на табелата со 14 бодови, додека водечкиот Ливерпул има 18.