Покетино за играчот на Јунајтед кој ќе им создава најмногу грижи в недела на дербито!

Тотенхем и Манчестер Јунајтед го играат своето дерби утре на Вембли во рамките на првенственото коло во Премиерлигата.

Тотенхем како домаќин и како подобро пласиран на табелата, го пречекува Јунајтед, кој полека си чини дека ја подига формата со новиот менаџер, па на вистински начин ќе тестираат на ова гостување да видат до каде стигнале со својата самодоверба.

На вчерашната пресконференција, тренерот на Спарси порача дека е загрижен од присуството на Пол Погба, играч кој според него е на рангот како Еден Азар и кој може многу лесно и умешно да реши еден дерби натпревар.

Кога сте тренер во Премиерлигата, секој викенд имате од кого да стравувате, секогаш во вашиот противник има добри играчи кои можат да ве загрозат. Како пред некој ден, закана за нас беше Азар, а в недела тоа ќе биде Погба, кој е многу талентиран играч, иако тоа се два различни типа на играчи, сепак и двајцата се одлични“.

Тотенхем е третопласиран на табелата со 48 бодови, 10 повеќе од гостинот Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Некогашниот ас на Јунајтед предвидува каде во иднина ќе игра Погба

(ВИДЕО) Пукна петарда на Вембли, Роналдо не успеа да ја скрши Украина

(ВИДЕО) Беда и очај: Венецуела ги гази Меси и компанија

ВИДЕО: Франција ја растура Молдавија – Погба и Гризман продуцираа фантастичен гол!

Следува жестока казна – УЕФА започна постапка против Нејмар

Куртоа: Јас сум еден од најдобрите голмани на светот, но шпанските новинари сакаат да ме убијат

Де Геа е одлучен да го „ограби“ Јунајтед, дали е реално да бара толкав договор?

Реал подготви 65 милиони за нов бразилски вундеркид!?

(ФОТО) Тага во Мадрид, започна рушењето на „Висенте Калдерон“