Покетино среќен по победата, но не остава ништо на случајност за реваншот со Баерн М

Тренерот на „светците“ од Париз е горд по постигнатото ноќеска против Баерн Минхен (2:3).

Баерн беше ранлив без Роберт Левандовски и тоа најдобро се виде на оваа средба, а ПСЖ дојде мотивиран во Минхен, по добар резултат што на крајот и го оствари.

Полесно е да го објасните својот избор кога победувате, тогаш сите мислат дека сте донеле вистинска одлука за секој играч во тимот. За победата играчите се најзаслужни и нивниот квалитет, тоа мора да се истакне“.

„Тие многу жртвуваа на овој натпревар, но и понатаму ни останува работата која мора да ја завршиме во реваншот. Знаеме дека ќе биде тешко. Задоволен сум од постигнатото на екипата. Игравме против најдобрите во Европа, мора да им честитаме на играчите за жртвата која ја оставија. Ваквиот настап сакаме да го повториме во реваншот“, порача Покетино.

Баерн Минхен ќе мора да игра под притисок и да брка гол предност, но секако ќе мора да постигне барем како и ПСЖ во Минхен, три голови, во случај да примат од домаќинот во реваншот.