Челси по шест кола во новата сезона од Премиерлигата, се наоѓа на 14. позиција на табелата, што за нив е поразително, посебно ако се земе во предвид фактот колку милиони потрошија на засилувања последните две сезони.
По заминувањето на Роман Абрамович, Челси како да има некое проклетство од кое не може да отстапи, па како на филмска лента, ги менуваат тренерите.
Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, истакна дека сопствениците на клубот се разочарани од резултатите, но дека тимот и тој лично ја има неговата поддршка.
„Сопствениците на клубот се разочарани од резултатите, меѓутоа, имаме поддршка од бордот и го поддржуваат нашиот план. Имаме тим каков што имаме, но клучно за нас е во следниот период да изградиме самодоверба. Играчите мора да добијат максимална поддршка од трибините, со цел добро да настапуваме“.
„Нашата игра последното коло против Астон Вила генерално беше добра, но не и одлична, ни недостасува реализација и голови. Веќе денеска се подготвуваме за следниот предизвик кој го имаме во среда, верувам во овој тим, верувам во подобри денови“, порача Покетино.
Според некои информации од Англија, работата на Покетино во Челси е сигурна барем до нова година, доколку до тогаш Челси не профункционира и не се најдат во првите 7 екипи на табелата, тогаш Челси веројатно ќе размислува за нова тренерска промена.