Погубен иранскиот борач кој беше осуден на смртна казна

Иранскиот шампион во борење Навид Акфари (27) беше погубен затоа што претходно беше осуден на смртна казна за прободување на обезбедување на антивладини протести во 2018 година.

Поради смртта на обезбедувањето, борачот беше осуден на две смртни казни, а тој беше погубен утрово откако „правната постапка беше спроведена до крај на инсистирање на родителите и семејството на жртвата“.

Постоеше сомневање дека Акфари бил измачуван за да даде лажно признание, а неговото семејство тврди дека тој не е виновен за делото за кое се товари.

Покрај него, иранските власти ги осудија и неговите браќа Хабиб и Вахид на неколку години затвор.

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт се обиде да му помогна на борачот, го повика Доналд Трамп за помош, но 27-годишникот на крајот беше погубен и ова го објавија многу ирански и светски медиуми во саботата наутро.