Погба завршува со Јунајтед, познат и следниот клуб

Францускиот играч за врска Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок како слободен играч.

Одамна не е тајна сооглед на тоа што одличниот играч за врска не планира да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, што индиректно го спомена неговиот агент Мино Рајола.

Веќе подолго време се споменува Јувентус, се зборува за Реал Мадрид, Барселона, па дури и за Баерн Минхен, но денешниот „Паризиен“ уверува во нешто друго.

Имено, весникот кој е близок до Пари Сен Жермен сподели информација дека Пол Погба е многу заинтересиран да ја прифати понудата на „светците“ која што ја има на маса.

Па според вестникот ПСЖ моментално води во трката за пред гореспоменатите клубови.

Треба да се истакне дека Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на Погби нов договор вреден дури 24 милиони фунти годишно, но ниту тоа нема да го задржи Французинот на „Олд Трафорд“.