Погба: Нема потреба да разговарам

Пол Погба е со Манчестер Јунајтед на подготовките во Австралија, но прашање е дали Французинот следната сезона ќе го носи црвениот дрес.

Тој беше во составот на Јунајтед на мечот против Пер, а тренеро Солскјер се подготвува да му ја довери и капитенската лента.

Но очекувано, по мечот главна тема за новинарите беша Погба, а тие од него побараа да ги објасни зборовите на неговиот агент Мино Раиола кој тврди дека Французинот има желба да го напушти Манчестер

„Нема потреба да разговарам за тоа“ изјави кратко Погба.