Погба може во Реал, но Јунајтед во замена го бара играчот на „кралскиот клуб“

По неколку месеци повторно се разгореа шпекулациите за можниот трансфер на Пол Погба во Реал Мадрид, приказна што беше актуелна долго време, кога Французинот беше во најдобра форма.

Јунајтед во моментов не сака да слушне за тоа, но се чини дека тоа е само алиби за она што ќе го побара за возврат од Реал. Станува збор за младиот уругвајски репрезентативец Феде Валврде кој имаше одлична сезона и се промовира во еден од лидерите на Реал во средниот ред. Неговата откупна клаузула изнесува 700 милиони евра.

Се разбира, тоа е сума која никој не може да ја плати, но можно е да дојде до размена на фудбалери. Во таков случај се чини дека Јунајтед ќе треба да доплати бидејќи Валверде има само 22 години и блескава иднина и во моментов неговата вредност е повисока од онаа на Погба.