Поддршката од Олимпискиот комитет донесе три медали претходниот викенд

Неколку дена откако потпиша договор за поддршка со Олимпискиот комитет, Бошко Стаменковски оствари голем успех во пауер-лифтинг, поткатегорија на боди-билдингот.

На натпреварувањето што се одржа во Србија, тој освои три златни медали во три различни категории: склекови во конкуренција до 80 килограми, чучњеви до 74 килограми и пропаѓање до 74 килограми.

Со ова Стаменковски ја продолжи низата успеси која трае повеќе години поради што и Олимпискиот комитет на Македонија, на чело со претседателот Даниел Димевски одлучи финансиски да го поддржи.