Податокот кој Ѓоковиќ треба да го оствари доколку сака да го мине Федерер во водство на АТП

Новак Ѓоковиќ е моментално прв тенисер во светот и таа позиција ќе ја сочува во догледно време, барем до Вимблдон, со оглед на тоа дека на земјена подлога тој не бележеше добри резултати изминатиот период.

Тој сега е вкупно 236 недели на првото место на АТП и е 5. пласиран во тоа рангирање, зад него е Надал со 196 недели, а пред него се Џими Конорс со 268, Инван Лендл с0 270, Пит Сампрас со 286 и Роџер Федерер со 310 недели на првата позиција.

Значи, за Ѓоковиќ да стигне до Роџер Федерер, потребни му се уште точно 74 недели да остане лидер.

Една година има 52 недели, што значи дека Новак Ѓоковиќ доколку сака да го престигне легендарниот Федекс, ќе мора како знае и умее уште година и половина да остане највисокопласиран на АТП рангирањето.

Ѓоковиќ во моментов води со 10.955 бодови, Надал е втор со 8.320, па следуваат Зверев со 6.745, Дел Потро со 5.060 и Андерсон со 4.845 бодови.