Почнува сечата во Јувентус: Отпишани петмина фудбалери!

Иако амбициите беа шампионски, Јувентус испадна уште во осминафиналето од ЛШ и тоа од Лион кој сезоната во француското првенство ја заврши на шестата позиција.

До стартот на новата натпреварувачка кампања има уште 40 дена, а дотогаш раководството треба целосно да го реорганизира тимот. Веќе се шпекулира дека Сари нема да го води Јувентус во новата сезона, но покрај него ќе си заминат уште најмалку петмина фудбалери.

Медиумите во Италија тврдат дека списокот е веќе направен и на него се наоѓаат: Даниеле Ругани, Федерико Бернардески, Гонсало Игуаин, Сами Кедира и Матија де Шиљо. Дали ќе им се придружи уште некој, ќе се знае наскоро.