Почна ЕП, почнаа проблемите: Шкотски навивач „влетал“ во спротивна лента и направил сообраќајка

Шест лица се повредени откако се случил инцидент со шкотски навивачи.

Се сомнева дека навивачот на Шкотска кој направил сообраќајка, бил длабоко под дејство на алкохол, по што земал да вози со спротивен правец, во близина на аеродромот на западот во Германија и на тој начин повредил шест лица.

Шкотот возел по левата страна, како што го прави тоа во својата земја, по што дошло до судир со друг автомобил. Двајца од навивачите се повредени и дел од другиот автомобил кој возел во исправна насока.

Јасно е дека полицијата деновиве во Германија ќе има полни раце работа со несовесни возачи и алкохолизирани навивачи, а ова е само пример на она што следува.

Германија и Шкотска отвараат вечерва со почеток од 21 часот во Минхен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО