Почина познатата италијанска скијачка

Италијанската скијачка Елена Фанкини почина денеска на 38-годишна возраст, по долга борба со тумор.

Фанчини почина денеска во својот дом во Солто, во близина на Бреша, соопшти италијанската федерација за зимски спортови.

Италијанската скијачка последен пат беше на патеката во декември 2017 година. И беше одобрена да се врати во конкуренција една година подоцна, но никогаш не беше во можност целосно да се врати во форма.

Нејзината состојба рапидно се влоши во последните месеци.

Фанкини освои сребрен медал во спуст на Светското првенство во 2005 година и има две победи во Светскиот куп во спуст во кариерата.

Таа ги пропушти Олимписките игри во Пјонгчанг во 2018 година поради болест.

Во италијанскиот тим професионални скијачки се и помалите сестри на Елена, Надја и Сабрина.