Почина поранешниот европски и светски шампион

Поранешниот европски и светски шампион во скок со стап, Тим Лобингер, почина на 51-годишна возраст по долго и тешко боледување.

На поранешниот германски спортист му беше дијагностициран рак на крвта во 2017 година.

Една година подоцна, се веруваше дека тој ја доби оваа битка, но ракот се врати во 2020 година. Тој почина во четвртокот во Минхен.

Лобингер беше поранешен светски шампион во сала (2003) и поранешен двократен европски шампион во сала (1998, 2002).

Тој ја освои европската бронза во 2002 година и среброто во 2006 година на отворено.

Најдобрите резултати во кариерата ги забележа во 1997 и 1999 година, кога скокна во висина од шест метри.

По завршувањето на професионалната атлетска кариера, тој работеше како фитнес тренер во РБ Лајпциг.