Почина Јулија Портјанко!

Поранешната македонска репрезентативка Јулија Портјанко-Николиќ почина денеска од се уште непознати причини, објави порталот g-sport.mk.

Родена во Украина пред 38 години, Портјанко дојде во Македонија во 2003, во тимот на Кометал Ѓорче Петров каде остана пет сезони. Во меѓувреме доби и македонско државјанство и играше за нашиот национален тим каде беше една од најдобрите и една од лидерите на младиот бран.

Подоцна замина во Турција, играше и во Франција и Русија пред да се врати во Македонија и последните две сезони да ги помине во тимот на Вардар. За македонската репрезентација одигра 57 натпревари и постигна 187 гола.