Почина југословенската кошаркарска легенда Бора Станковиќ

Во 95. година од животот, денеска во Белград почина југословенската кошаркарска легенда Борислав Станковиќ.

Беше еден од основачите на Црвена Звезда, репрезентативец на Југославија, долгогодишен генерален секретар на ФИБА и член на Интернационалниот олимписки комитет. Тој го постигна и првиот кош во историјата на Светските првенства, во 1950 година во Аргентина.

Освои по три титули во поранешната држава како играч и тренер, беше првак на Италија и двоен освојувач на Купот на Југославија. Генерален секретар на ФИБА беше во периодот од 1976 до 2003 година.