Почина човекот кој ја имаше највредната топка во светот

Хесус Феро, неуморен новинар, патник, кој како „слободен човек“ буквално живееше за фудбалот и беше дел од големите турнири на пет континенти, починал во аргентинскиот град Ломас Де Замора во 68. година по долга болест.

Овој човек беше познат по тоа што ја имаше во свој посед највредната топка во целиот свет. Топката содржи 40 најважни фудбалери како дел од историјата. Од Ди Стефано, Пеле иМарадона, до Меси и Кристијано Роналдо, вклучувајки ги Еузебио, Копу, Бекенбауер, Кројф, Ван Бастен, Фалкао, Зико, Рикелме и уште неколкумина, кои имаа оставено потпис на оваа топка.

Феро почнал да ги собира автограмите на сите овие големи фудбалери кога бил многу млад, поточно од 1990 година наваму.

Инаку, Хесус Феро беше познат како голем навивач на фудбалскиот клуб Бока Јуниорс.