Победите на Дакар 2019 заминаа кај Ал-Атијах, Прајс и Николаев

Катарецот Насер Ал-Атијах со Тојота е победник на овогодинешното издание на релито Дакар. За него ова е трета титула на ова рели сооглед на тоа што  искусниот Ал-Атијах претходно го освојуваше престижното рели и во 2011 година со тимот на Фолскваген и во 2015 година со тимот на Мини.

Место на пиедесталот покрај Катарецот најдоа и  Нани Рома како второпласиран, Себастијан Лоеб кој финишираше како трети.

Австралиецот Тоби Прајс на КТМ го повтори својот успех од 2016 годинаи  го освои рели Дакар 2019 во категоријата кај моторите.

Во конкуренција на камиони неприкосновен беше Камаз а победата ја однесе Русино Едуард Николаев.