Победи на Србљак и Јотовски на фјучрсот во Нови Сад

Македонските тенисери Горазд Србљак и Томислав Јотовски стартуваа со победи на фјучрсот во Нови Сад. Многу побрзо противникот во првото коло го реши Србљак, кој за 75 минути го совлада Максим Тихомиров од САД со 2-0 во сетови препуштајќи му само два гема (6:2 и 6:0).

Јотовски пак имаше повеќе проблеми, откако послабо влезе во мечот против Душан Раиќ од Србија. Противникот поведе со 4:1 во првиот сет, за потоа нашиот тенисер со серија од 5-0 да го добие првиот сет. Во вториот беше изедначено до 4:4 и Јотовски со идентични 6:4 ги доби двата сета за 110 минути игра.

Утре во второто коло Србљак ќе игра против Марко Миладиновиќ од Србија (7.носител), а Јотовски за ривал ќе го има Џејмс Фрејвли (Австралија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со здравствени проблеми и пресврт – се пласира во осминафинале на Синсинати

Нов настап на Ѓорческа во квалификациите на УС Опен

„Три од три“ за македонските тенисери на фјучрсот во Нови Сад

ВИДЕО: Федерер се врати во Синсинати, а Надал го откажа настапот на овој Мастерс

ВИДЕО: С.Вилијамс со нов пораз во првото коло сега налета на Квитова

Ѓоковиќ незадоволен од себе, но со важна цел годинава

Надал: Пробај да победиш кога се мачиш

Македонската пресметка во Нови Сад за Србљак

Надал ја освои 80. титула во кариерата и најави повлекување од следниот турнир