Победа за Перез, Ферари повторно според традицијата да ги уништат своите возачи

Серио Перез триумфира на денешната трка која се возеше по тесните улички во Монте Карло, пред Карлос Саинц и тимскиот колега Макс Верстапен.

Околу Ферари, тие уште еднаш ги разочараа своите, му направија огромна услуга на Верстапен кој сега ја зголеми предноста во генералниот пласман, се поради брзоплетост преку тимското радио, порака од која настрада Леклер.

Трката не заврши до последниот круг, бидејки пропишаните 3 часа истекоа, па како што беше поредокот во тој момент, така и заврши трката.

Она што е сигурно дека ова е голема победа за Серхио Перез, можеби една од неговите најомилени, додека за Ферари остануваат главоболките како да ги отстранат сите недоследности кои им прават пречки во обидот да се натпреваруваат со Ред Бул.

Во топ10 на оваа трка завршија уште и Леклер на 4 позиција, па следуваат Расел, Норис, Алонсо, Хамилтон, Окон и Ботас.