Победа на Бобан и Малдини: Милан добива одличен напаѓач од Примера

Милан очигледно се уште интензивно работи на трансферите за новата сезона.

Росонерите интензивно преговарале со Атлетико за нивниот напаѓач Анхел Кореа, кој по доаѓањето на Родриго од Валенсија, веројатно ќе биде ослободен од обврските во Атлетико Мадрид.

Според последните информации, Милан ќе треба да плати 55 милиони евра за овој фудбалер, а наводно и некој неименуван новинар од Аргентина, веќе соопштил дека Кореа се сели во Милан.

Агентот на овој фудбалер веќе бил на пат кон Милано, каде треба да го скоцка договорот на неговиот клиент, па Росонерите ќе добијат одлично засилување во нападот за новата сезона.

Кореа во 2015 година пристигна во Атлетико од Сан Лоренцо за 7.5 милиони евра, а неговата откупна клаузула е 100 милиони евра, но Атлетико е подготвен тоа да го преполови со цел да добие добар дел од парите кои ги платија на Валенсија за Родриго.