Побарано – одобрено: Одложен натпреварот Металург – Висла Плок

ЕХФ и дефинитивно го одложи закажаниот натпревар на Металург против екипата на Висла Плок.

Причина за тоа е Ковид19. Дуелот беше во рамките на Европската лига, затоа што тимот од Автокоманда е комплетно под карантин поради еден позитивен тест на последните тестирања.

Натпреварот требаше да биде одигран на 27 октомври, но откако Металург побара одложување, тој предлог беше прифатен од европската куќа на ракометот.

Дополнително треба да се знае кога ќе биде одигран овој натпревар.