По цели 22 години: Се повлече (конечно) летечкиот Винс Картер

Кошаркарот на Атланта, легендарниот Винс Картер објави дека е време за пензионирање.

По 22 години редовно учество во НБА првенството, 8 Ол Стар настапи и 8 различни НБА тимови, Картер пресече и рече дека е време за крај, а последниот кош во кариерата го постигна на 11. март на мечот со Њујорл.

Атланта на тој натпревар беше поразена со 136:131, а Картер на 13 секунди пред крајот постигна тројка.

Винс Картер е единствениот кошаркар кој успеал да биде дел од четири декади во НБА првенството, остварување за секоја пофалба.