По три дена молк прва реакција на ФФМ по скандалот во Куманово

Во саботата во рамки на редовното коло од Втората лига на мечот Башкими – Каменица САСА се случи скандал. Имено во финишот на мечот влета публика на теренот и нападна играч.

Дуелот заврши нерешено (2-2) иако гостите одбиваа да го доиграт поради безбедносна закана. Но делегатот и главниот судија наложија да се вратат на терен и да го довршат.

По неколку дена молк за првпат се огласија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со реакција во која се вели:

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ .