По трансферот на Милитао, Реал тргнува по уште еден млад играч, овојпат од Италија

Реал Мадрид кон почетокот на неделата на тренерската позиција го врати Зинедин Зидан кој дојде на местото на Сантијаго Солари.

Францускиот стручњак се врати на клупата на Мадриѓаните по само девет месеци, откако летоска само неколку дена по освојувањето на третиот трофеј во ЛШ во низа, си даде оставка.

Сега се врати во клубот, ги наполни батериите, а веќе му е обезбедено првото засилување за следната сезона.

Тоа е дефанзивецот на Порто Едер Милитао, Бразилецот може да ги покрие речиси сите позиции во последната линија, па нема сомнежи дека ќе биде од огромна корист за тренерот на Реал.

Се шпекулира и за голем број други имиња, а нашиот Елиф Елмас е еден од нив.

Сега во шпанските медиуми се појавија информации дека Зидан е заинтересиран и за талентираниот фудбалер на Рома Николо Заниоло.

19-годишниот офанзивен играч за врска експлодираше во дресот на Рома сезонава, иако Римјаните имаат слаба сезона, сепак ова момче е вистинско откровение.

Управата на клубот од Рим се обидува да потпише нов договор со поранешниот играч на Интер, но огромен интерес за Заниоло покажа и Јувентус.

Сега во трката се вклучува и Реал, скаутите на „Кралскиот клуб“ го следеле за време на мечот од осминафиналето во ЛШ меѓу Порто и Рома.

Мадриѓаните наводно го следеле и зимоска, но спортскиот директор на „Волчицата“ Мончи го одби налетот на клубот од Мадрид.

Сега, кога Мончи го напушти Рим, патот кон Заниоло е полесен, па управата на Реал ќе се обиде да го доведе талентираниот Италијанец на „Сантијаго Бернабеу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на Челзи го бојкотираат Сари на мечевите против Вест Хем и Барнли

(ВИДЕО) Јоаким Лев повторно во елемент со своите потези, овојпат „настрада“ Сане

Икарди се пожалил: Одземањето на капитенската лента е бескорисно понижување

Мајката на Сала е неутешна: Бараме правда, како можеше такво нешто да се случи?

Погба и Реал Мадрид, опцијата е повторно отворена, Бејл би можел да биде клучниот човек

Зидан ја одреди трансфер метата, но веќе на стартот наиде на проблем

Барса им наплаќа 102 фунти на навивачите на Јунајтед за влезница, „Ѓаволите“ жестоко возвратија

Сонува да заигра за Реал, а тврди дека Барса е најдобра во светот

Зарем некој се сомневаше: Меси ја откачи Аргентина за Барса!