По титулата во Мадрид, на изненадување на сите – Алкараз не игра во Рим!

Шпанецот Карлос Алкараз нема да учествува на мастерс турнирот во Рим, информацијата ја пренесоа италијанските медиуми.

19 годишниот тенисер кој синоќа го освои Мадрид против Зверев, скоро извесно дека нема да биде дел од турнирот во Рим поради повреда на зглобот, која го мачела уште од четвртфиналето, кога Алкараз го доби Рафаел Надал.

„Марка“ пишува дека Алкараз и неговиот тим не сакаат ништо да ризикуваат и дека ќе се повлечат од следниот мастерс турнир, па неколку дена ќе одмараат и фокусот ќе го стават на настапот на Ролан Гарос кој почнува за 2-3 недели.

Алкараз во Мадрид уште еднаш покажа за каков елитен тенисер станува збор и дека со таква игра во иднина ќе биде уште поголем а веројатно и голем шампион.