По титулата – Лејкерс прави моќна тројка во составот

Според информациите кои ги пренесуваат американските медиуми, ЛА Лејкерс во следниот период ќе се обидат да донесат уште едно големо засилување.

Покрај Леброн и Ентони Дејвис, најверојатно ќе потпишат договор и со плејмејкерот Крис Пол и со тоа да направат силна тројка.

Крис Пол со години се поврзува со Лејкерс, но никако да заигра. Претходно има настапувано за Њу Орлеанс, Клиперс, Рокетс и Оклахома Тандер.

Меѓутоа, сега би можел конечно да заврши во Лејкерс. Се претпоставува дека може да заигра во тимот на Лејкерс, бидејки тоа е намера на управата, да создаде силна тројка.

Просек во кариерата му е 18.5 поени и 9.5 асистенции по натпревар.