По Скубе, уште еден борец на Вардар ја продолжи верноста со клубот

По потврдата за новиот договор на Скубе во Вардар, денеска „црвено-црните“ информираа дека верноста со клубот ја продолжи и голманот Калифа Гедбан.

Тој е првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра за нашиот тим. Дојде како млад и перспективен ракометар кој на повеќе натпревари го покажа квалитеот што го поседува.

Со екипата на Вардар стигна до четири трофеи сезонава, во домашното првенство, домашниот Супер куп, СЕХА Газпром лигата и ЕХФ лигата на шампионите.

Калифа во Вардар сезонава со своите настапи покажа многупати дека е квалитетен голман. Ние одамна го препознавме тој квалитет и веруваме дека неговите игри ќе бидат уште подобри. Со младоста, квалитетот и посветеноста ветува дека ќе израсне во врвен играч. Задоволни сме што и тој останува во Скопја и што заедно ќе одиме во уште една сезона и ќе го напаѓаме европскиот врв, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одредени групите за новата СЕХА сезона – познати ривалите во група за Вардар и Еурофарм

Екс репрезентативецот најново засилување на Металург

Мојсоски не мрда од Бутел

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец