По поразот од Зверев, Ѓоковиќ беше соочен со прашањето за Австралија Опен: Да бидам искрен…

По поразот на Новак Ѓоковиќ од Александар Зверев во полуфиналето во Торино, новинарите го прашаа, но српскиот тенисер не одговори дали ќе учествува на Австралија Опен.

Србинот не успеа да стигне до завршниот меч и да се избори за нов трофеј во своето рекордно и јубилејно десетто полуфинале на Мастерс турнирите.

Австралија Опен? Па ќе видиме, не знам, морам да сочекам и да видам“.

Новинарите се обидоа уште еднаш, го прашаа дали е во контакт со тениската асоцијација на Австралија, на што Ѓоковиќ им одговори:

Да бидам искрен, немам разговарано со нив. Чекав вести само да слушнам. Сега кога знам, ќе мора да сочекаме и да видиме што ќе се случува“, порача Ѓоковиќ.