По поразот од Лацио, Пиоли го откри големиот проблем на Милан: Тоа мора да го елиминираме

Милан синоќа беше високо поразен во натпреварот против Лацио во Рим со 4:0.

Тоа беше неочекуван резултат, посебно ако се види дека Милан е актуелен шампион и пред Лацио на табелата во бодовна смисла, но ете, шампионите беа убедливо поразени.

Стефано Пиоли по натпреварот потенцира дека е разочаран од тоа што примиле премногу голови на овој натпревар и дека во иднина тоа мора да го поправат и да поработат на таа проблематика.

Мора веднаш да се фрлиме на работа, јасно ни е дека не ги пружиме најдобрите натпревари, во склад со нашите способности. Многу работи во моментов не функционираат во Милан. Менталитетот, тактички работи, затоа што примаме премногу голови во ситуации кои мора поинаку да ги решаваме. Овде сум затоа што морам да зборувам пред сите отворено. Во спротивно, ќе работевме во тишина“.

„Ова е деликатен момент за нас, јасно е дека последните две недели не играме добар фудбал и тоа се одрази на резултатите. Како што реков, мораме и можеме подобро. Главниот проблем е играта без топка и на тоа ќе мора посериозно да поработиме. Нема добро покривање, не сме агресивни, а и комуникацијата мора да биде подобра“, констатира Пиоли.

Со овој кикс на Милан, Наполи направи нов чекор напред кон конечно освојување на титулат аво Серија А.