По подиумот – Хамилтон веднаш на доктор!

Луис Хамилтон откако се искачи на подиумот денеска во Унгарија, потоа не се појави на пресконференцијата – со причина.

Британецот по трката бил толку исцрпен што едвај стоел на нозе дури и кога бил на подиумот.

Високите температури си го прават своето, а Хамилтон тоа денеска го почувствувал на своја кожа кога на моменти добивал грчеви и за време на возењето, а најлошо му било на подиумот.

Хамилтон е пратен на доктор, доби симптоми на вртоглавица, заморен е по трката“, порачаа на кратко од Мерцедес.

Се верува дека тоа е предизвикано од неверојатните жештини кои владеат во Европа, па Мерцедес не објавија повеќе детали околу здравјето на Хамилтон.