По Пежо, уште еден голем спонзор го напушти Ѓоковиќ – која е причината?!

Откако остана без спонзорството на Пежо, сега уште еден голем спонзор го напушта Новак Ѓоковиќ, во прашање е американската компанија UKG, која се занимава со развивање на софтвери.

Овој технолошки гигант со Ѓоковиќ има соработка од 2019 година, кога името на фирмата им беше уште Ултимејт Софтвер, а во светот на тенисот, оваа компанија беше и еден од главните покровители и спонзори на мастерс турнирот во Мајами.

Спонзорскиот договор кој истекува оваа година, нема да биде продолжен“, е наведено кратко од компанијата.

Последен пат Новак Ѓоковиќ со логото на оваа фирма е виден во Дубаи, каде го одигра својот прв турнир годинава, а во Монте Карло, Белград, Мадрид и Рим, го нема тоа на опремата.

Засега најголем спонзор во таборот на српскиот ас останува Лакоста, од каде веќе излегоа со порака дека не се откажуваат од оваа соработка. Нивното спонзорство вреди околу 10 милиони долари.

Во соседството веќе кружат приказни дека големите спонзори сега го возвраќаат ударот врз Ѓоковиќ, поради тоа што не сакаше да се вакцинира.