На Интер му оди одлично оваа сезона, особено во Серија А каде на пет натпревари има исто толку победи, но утрово има неколку лоши вести за навивачите на овој тим.
Интер оваа сезона одлично ја отвори сезоната, особено ако зборуваме за конкуренцијата во Серија А. Имено, избраниците на Симоне Инзаги се први на табелата со максимален учинок од пет победи.Меѓу другите, во првите пет натпревари го декласираа градскиот ривал Милан со резултат 5:1,
Единствениот кикс, ако може да се нарече кикс, беше во првото коло од Лигата на шампионите каде Интер ремизираше 1:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад.
Сепак, утрово има лоши вести за навивачите на Интер. Вчера на натпреварот против Емполи при крајот на натпреварот се повреди Марко Арнаутовиќ, за кој сега е делумно позната неговата состојба.
На Австриецот со српско потекло денеска или утре ќе му бидат извршени детални прегледи, по што ќе се знае степенот на повредата, но извесно е дека нема да го видиме на теренот пред ноември.
Во најлош случај, напаѓачот на Интер би можел да биде надвор од терените повеќе од два месеци. Според италијанскиот Кориере дело спорт, имало дислокација во флексорите на левата надколеница.
Настапот против Емполи беше седми за Арнаутовиќ за Интер, но се уште не успеал да се запише во листата на стрелци. Има една асистенција.