По пет години излезе вистината: Зошто Роналдо раскина со Ирина Шајк…

Една од најпознатите двојки во светскиот џет-сет на почетокот од минатата деценија ја сочинуваа Кристијано Роналдо и манекенката Ирина Шајк.

Заедно беа пет години, до 2015, кога нивната врска одеднаш, без многу помпа, беше прекината. Новинарите се обидуваа да ја дознаат причината за тоа, но во тој период никој од инволвираните не сакаше да зборува за тоа.

Пет години подоцна во јавноста излезе приказната, веројатно точна. Роналдо не можел да ѝ прости на Русинката за тоа што не се појавила на 60. роденден на неговата мајка која по тој повод направила голема забава. Тоа го навредило Кристијано кој не сакал неговата мајка и слаба точка во животот да биде повредена и одлучил да прекине да се гледа со светски познатата манекенка.