По одличниот резултат во саботата, Иџе денес немаше среќа на Имола: НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ!

По одличниот резултат на подиумот (2-ро место) на вчерашната трка во Имола од ТЦР шампионатот, македонскиот возач Игор Стефановски Иџе денеска имаше кошмарен ден.

Тој на денешната трка имаше инцидент по 13-та минута од трката на истата патека, откако имаше близок контакт со еден од возачите на гридот, по што ја загуби контролата и излета од патеката.

Стефановски имаше добри предиспозиции денеска да извоза уште една добра трка, но тоа не му успеа. Во моментите кога излета од патеката беше на седмата позиција.

По трката, Стефановски на социјалните мрежи излезе со реакција по предвреме завршената трка.