Очигледно дека промените во болидите на Ред Бул, донесоа голема нестабилност на нивните возачи, што резултираше со 11. и 13. позиција на утрешната трка во Сингапур.
Шампионт Макс Верстапен признава дека промените во болидот, целосно го изместиле неговиот баланс кон болидот.
„Ситуацијата на третиот трениг беше нешто подобра и дефинитивно направивме добар чекор, но она во квалификациите беше тешко. Клизав со болидот на сите страни, на кочењето имав сериозни проблеми и морав да бидам внимателен, што не е сјајно кога сте на улична трка. Го имаме можеби најдоброто тркачко темпо, но предноста мора да биде огромна за да направиме исчекор напред. Веројатно ќе имаме само еден пит стоп, освен ако се случ нешто лудо на патеката. Ова беше шокантно искуство“, порача Холандскиот возач.
Изненадување беа перформансите на Ферари, Саинц ќе стартува утре од пол-позицијата, додека Леклер ќе тргне од третата позиција.