По новиот пораз за бронзениот медал – Ѓоковиќ уште еднаш ги шокира фановите

Откако Новак Ѓоковиќ загуби во битката за бронзениот медал против Карењо Буста, требаше да се појави со Нина Стојановиќ во дубл конкуренција да се борат за бронзен медал, но српскиот тенисер ги шокира неговите миленици.

По борбата против Пабло Карењо Буста, Новак Ѓоковиќ очигледно комплетно се потроши и во него не остана ниту еден атом сила со која повторно би можел да излезе на терен.

Наводно и поради повреда се повлекол Новак Ѓоковиќ од битката во дубл конкуренција, нешто кое го открива португалски новинар Хосе Мо ргадо.

Новак Ѓоковиќ е тој кој одлучи да се повлече од мечот поради пвреда на десното рамо“, напиша Моргадо.

На пресконференцијата Ѓоковиќ им се извини на сите во Србија, за потоа да потврди дека станува збор за повреда.

Им се извинувам на сите во Србија кои ги разочарав. Знам дека многумина од мене очекуваа медал во Токио, па и јас очекував, но телото потполно ми откажа. Жал ми е поради Нина, но играв под болки и со лекови“ истакна Ѓоковиќ.