По неверојатното финале на УС ОПЕН: Свој коментар понуди и Ѓоковиќ

Пред повеќе од 24 часа, заврши финалето на УС ОПЕН, меч кој воодушеви многумина, пред се поради жестината на ударите од двајцата актери во финалето, но и истрајноста на финалистите.

Данил Медведев беше поразен од големиот фаворит Рафа Надал, кој го освои својот 19 Гренд слем, но навивачите на рускиот тенисер не останаа со кратки ракави.

Тој ги освои неутралните фанови, кои навиваа за Медведев, со цел Надал да не освои нов голем трофеј.

Но по овој меч, со свој коментар реагираше и Новак Ѓоковиќ.

Му честитам на Рафа што прави историја во нашиот спорт и покажува неверојатен борбен дух. Честитки и за Данил Медведев за неверојатното лето на терените во Америка. Можеш да бидеш горд на себе, големи работи те очекуваат“, порача Ѓоковиќ.