По неуспесите со Траоре и Дијаз, Тотенхем ќе бара „сламка на спасот“ во Торино

По неуспехот да ги ангажираат Адама Траоре и Луис Дијаз, Тотенхем утеха ќе побара во ангажманот на Дејан Кулушевски, за кого Јуве е веќе во преговори со Јувентус.

Барселона вчера го потврди доаѓањето на Траоре, а Ливерпул го добива Дијаз, па Конте сега мора да бара сламка на спасот, се со цел да донесе некого во Лондон.

Новинарот Дејвид Орнштајн пренесува дека Тотенхем и Јувентус се во директни преговори за Кулушевски.

Клубот од Лондон сака да го донесе Кулушевски на позајмица со можност за откуп, но одлуката ќе зависи само од Јувентус.

Се претпоставува дека клучна улога во овие преговори ќе биде Фабио Паратички, кој 11 години беше на чело на Јувентус, а сега е во Тотенхем. Тој го донесе Кулушевски пред две години од Аталанта во Јувентус.