По неочекуваната елиминација од Чориќ, Надал признава: Тешко беше да се носам со тој проблем!

Хрватот Борна Чориќ сензационално го елиминира Рафаел Надал во Синсинати, иако овој турнир требаше да му донесе прво место на АТП ако го освоеше турнирот.

Рекордерот по бројот на гренд слем титули одигра прв меч по предавањето на Вимблдон во јули, па беше поразен од Хрватот со 7:6 (9), 4:6, 6:3.

Надал секако е разочаран од овој резултат, бидејки очекуваше да го освои овој Мастерс турнир.

Тешко е дека ќе извлечам нешто позитивно од овој меч, но морам да напредувам. Потребни ми се повеќе денови на турнирите за да ја вратам формата. Беше тешко да се носам со оваа повреда, тоа морам да го признаам. Борна е млад и храбар тенисер, пред се квалитетен. Јас дефинитивно морам ментално да напредувам, да бидам на највисокото гренд слем ниво“, порача Надал.