По неколку години пауза, Македонија на СП ќе настапи повторно со еден натурализиран ракометар

Македонската ракометна селекција во последен момент избори пласман на СП како прва резерва по откажувањето на Чешка.

Нашата ракометна селекција веќе е на пат кон Египет, а селекторот Даниле Брестовац се реши за подмладен состав и некои нови лица.

Меѓу патниците за Мундијалот се најде и еден натурализиран ракометар. Ова не е нешто непознато кога станува збор за Македонија.

Во минатото таквите примери беа случај, како Вугринец, Прибак и уште неколку. Но за разлика од минатото кога за давање македонски пасош се решававме за искусни и проверени ракометари, сега тоа е спротивно.

Имено станува збор за младиот лев бек Михајло Младеновиќ кој е Србин, роден во Врање кој кариерата ја градеше во Металург, а сега се пресели во Охрид.

Михајло веќе играше за младата селекција на нашата држава, а сега ова ќе му биде деби на еден официјален натпревар за сенироската селекција, секако ако добие минутажа од Брестовац.

„Веќе долго време сум во Македонија се вклопив целосно имаме ист менталитет, не се чувствувам како странец, добро ме прифатија“, рече левиот бек во една неодамнешна прилика.