По Мане, Баерн Минхен ќе активира нова „бомба“ – овој пат од Олд Трафорд?!

Шпанскиот добро информиран весник АС, тврди дека Баерн Минхен се распрашува за можноста да го откупи Роналдо од Манчестер Јунајтед.

Се верува дека Баерн Минхен полека но сигурно ја напушта традицијата на доведување слабо платени и слабо афирмирани фудбалери и сега оди на опцијата да носи скапи фудбалери, како Садио Мане, па и Кристијано Роналдо.

Од друга страна, факт е дека Роналдо не е баш импресиониран што ќе треба идната сезона со Јунајтед да игра во Лига Европа, па се уште поттајно размислува за трансфер.

Левандовски веројатно заминува, па Баерн Минхен размислува кој да го наследи овој расен голгетер, а таква можност гледаат во Роналдо.

Наводно веќе го контактирале агентот на Роналдо, да се распрашаат дали Португалецот е расположен за трансфер во Минхен.

Целата трансфер сага ќе добие на интензитет во следните неколку недели, кога ќе се знае дали Роналдо ќе прифати богата понуда од 300.000 евра неделно од баварскиот клуб.