По Куртоа и Азар: Реал Мадрид договара или договориле уште еден играч на Челси!

По ангажманот на Тибо Куртоа и Еден Азар, Реал Мадрид подготвува уште една соработка со Челси, односно трансфер на играч од Лондон.

The Sun во своето дневно издание пишува дека Реал веќе го договорил и трансферот на еден од најдобрите играчи за врска, Нголо Канте.

Реал ова лето го донесе Еден Азар, но Челси не се согласил веднаш да го ослободи и Канте, бидејки имаа забрана за да донесат негова замена од трансфер пазарот.

Британскиот Сан тврди дека Реал со Челси има прелиминарен договор, во кој стои дека Канте идното лето ќе го облече дресот на „кралевите“, а договорената сума засега останува се уште мистерија.