По Каљари – Интер му обезбеди уште еден трансфер на Раџа Наинголан

Со доаѓањето на Антонио Конте во Интер, стана јасно дека за Раџа Наинголан ќе нема место во тој систем на функционирање.

Тоа и му беше наложено на Раџа, дека не одговара во системот на новиот тренер и дека е потребно да си најде нов клуб.

„Нинџата“ се согласи на позајмица во Каљари, но од тој клуб веројатно ќе немаат доволно пари да го откупат неговиот договор па ќе го вратат во Интер.

Да заигра во Интер е скоро невозможно, па сега клубот од „Џузепе Меаца“ ќе се обиде да му издејствува нов трансфер.

Се верува дека тоа веќе е направено, односно дека Интер ќе го испрати Наиголан во Фиорентина.

Останува само дилемата дали ќе биде само позајмен или целосно откупен неговиот договор.