По Хамилтон, на ред дојде и Ферстапен: Возачот на Ред Бул го очекува казна

Големата награда на Бразил би можела да добие и свое трето полувреме по видео снимката која во текот на денот ја објави ФИА.

Луис Хамилтон и Макс Ферстапен на патеката Интерлагос имаа жесток дуел, а на крајот подобар беше Британецот кој прв мина низ целта благодарение на одличното возење и одлично подготвениот болид.

Во 48 круг двајцата возачи во еден момент завршија надвор од патеката откако Ферстапен агресивно влезе во свиокот и за малку ќе го удреше болидот на Хамилтон.

Судиите на трката првично немаа снимка од нивниот дуел, а денес ФИА објави видео од болидот на Ферстапен кој покажува дека имало основа за казна за возачот на Ред Бул.

Откако се појавија доказите, од Мерцедес веднаш одлучија да се жалат. Од ФИА е побарано повторно да ги погледне снимките и сега Ферстапен се соочува со казна.

До крајот на сезоната остануваат уште три трки, а по Големата награда на Бразил Ферстапен има 14 бода предност пред Хамилтон. Нова трка се вози веќе овој викенд, а домаќин е Катар.