Тајсон Фјури меѓу редови, можно е да го најави својот последен меч во кариерата.
Борецот на спектакуларен начин го нокаутира Дилијан Вајт во шестата рунда и уште еднаш го одбрани појасот во тешка категофија.
Апсолутниот шампион познат по прекарот „крајот на циганите“, би можел доста лесно да замине во пензија, што и најави меѓу редови.
„Мислам дека тоа е тоа. Ова може всушност да биде спуштање на завесата за „кралот на циганите“, порача Тајсон Фјури по битката.
Всушност тој настрана од камерите, на еден од присутните новинари му рекол дека „и ветил на сопругата дека е навистина крај“.