По голема тензија и несогласување: Падна првата тренерска глава и во Примера

Турбулентниот период на Месталја, резултираше со отказ за тренерот Марселино Гарсија, кој веќе подолг период имаше нарушени односи со Питер Лим, сопственикот на Валенсија.

Ова се смета за прв тренерски отказ во Примера во новата сезона, што секако остава и простор за Валенсија сега да ангажира ново тренерско име.

Во клубот од Месталја имало превирања околу трансфер политиката, на која тренерот Марселино не можел да се согласи и барал дополнителни средства за засилување, а тоа не му го овозможиле, па тоа бил камен на сопнување и нарушување на односите.

Најверојатно трансферот на Родриго во Атлетико Мадрид ги прелил проблемот кој ионака бил наталожен извесен период, па со заминувањето на овој играч, сето тоа добило кулминација.

За ситауцијата да биде уште поинтересна, тренерот Марселино дознал од спортските таблоиди во Шпанија.