По голема драма Ѓоковиќ остана без финале

Во спектакуларен натпревар, Доминик Тием го совлада Новак Ѓоковиќ со 7: 6, 6: 7, 7: 6 за финалето на Завршниот мастерс во Лондон.

Австрискиот тенисер со тоа денес стигна до својата 300-та победа во кариерата. Првиот сет го доби во тај-брејкот, а во вториот промаши дури четири меч топки.

Новак успеа да се спаси и го однесе мечот во третиот сет. Откако третиот сет заврши без ниту еден брејк, следеше нов тај-брејк.

Новак поведе со 4: 0, а потоа следеа шест врзани поени на Тием за целосен пресврт, па на крајот ја искористи втората топка од мечот и се пласираше во финалето.

Негов ривал ќе биде победникот на мечот Даниил Медведев – Рафаел Надал.