По „фијаското“ против Рajo паднаа првите две жртви во Барселона

Барселона имаше лош почеток на сезоната, само ремизираше 0-0 против Рајо Ваљекано во 1. коло од Ла Лига во саботата навечер.

Барселона го дочека стартот на сезоната со голем оптимизам, што не е чудно со оглед на тоа какви играчи беа доведени. Сепак, против Рajo не беше доволно за три бода, па тренерот Чави Ернандез веќе најде две жртви.

Се подготвуваат голем број измени. Еднaта е задолжителен, па така Миралем Пјаниќ треба да биде стартер наместо повредениот Серхио Бускетс против Реал Сосиедад на Аноета.

Сепак, останатите измени не се задолжителни и ќе бидат исклучиво одлуки на Чави и неговиот стручен штаб.

Андреас Кристенсен и Гави се споменатите жртви и играчи кои ќе бидат исфрлени од стартната постава. Данецот во одбраната ќе биде заменет со Жил Кунде, одличен стопер кој летово дојде од Севиља и немаше право да игра против Рајо бидејќи е еден од оние кои не се пријавени за првенствени натпревари, но тој проблем треба да се реши до следниот викенд и мечот со Сосиедад.

Евентуалното заминување на Мемфис Депај, заедно со корекција на платата на Жерар Пике, би му овозможиле на францускиот репрезентативец да заработи право на настап.

Друга промена во единаесетмината ќе биде влегувањето на Френки де Јонг наместо Гави во средниот ред.

Не се очекуваат значајни промени во нападот, па Роберт Левандовски ќе остане центарфор, додека на крилните позиции ќе играат Рафиња и Дембеле, но секоја лоша игра може да резултира со нови промени. Ансу Фати со нетрпение ја чека својата шанса, исто како и Феран Торес.